Кражба на дрва во струшко

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Л.И.(31), Д.Д.(18) двајцата од струшкото село Франгово како и против Ш.М.(20) од  селото Радолишта.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

svrНа 17 овој месец, пријавените биле затекнати во бесправна сеча на букови дрва во шумски терен кај местото Гропа во атарот на струшкото село Франгово. Полициските службеници како и шумскиот полицаец констатирале дека пријавените на туѓ имот неовластено пресекле околу 40 стебла  букови дрва кои веднаш потоа ги префрлиле на соседна локација оддалечена околу  100  метри.  

На лице место, шумската полиција ги одзеде бесправно исечените и нежигирани букови дрва во количина од 14  кубни метри.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top