Поради волуменозниот дневен ред одлучија уште еднаш да се состанат пред да заврши нивниот мандат.
Поради волуменозниот дневен ред одлучија уште еднаш да се состанат пред да заврши нивниот мандат.
Струшките советници иако требаше да се состанат за последен пат, сепак уште еднаш ќе заседаваат. Поради волуменозниот дневен ред кој се дополни со уште 9 предлог одлуки, на веќе постоечките 17, советниците одлучија на уште еден состанок да дискутираат за половина од нив. Незаинтересирано и без дискусии поминаа предложените предлог одлуки на дневниот ред. Од годишната сметка на буџетот на о.Струга за 2008 година кој изнесуваше 713 милиони денари, се реалирирани 581 минион денар или 81%.
На денешната седница советниците ја изгласаа програмата за работа на МЈП Проаква. Советниците го разгледаа и извештајот за финасиското работење на ЈП.Комунално за тромесечието за 2008 година.
Советниците, иако пред две седници донесоа одлука со која би можеле за себе да ги зачуваат лап-топ компјутерите сепак за то не добивале и амин од градоначалникот. Слободан Маркоски истакна дека истите биле технички застарени и требало да им се отстапат на советниците за трајно користење.
На денешната 53-та седница, меѓу другото се изгласа Програмата за донесување урбанистички планови за 2009-та година, како и предлог одлукита за донесување на урбанистички план за дел од УЕ-2 блок 9 Струга.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град