„За мене Охрид е главен град“

Ова е слоганот по кој ќе биде препознатлива изборната кампања на НСДП и кандидатот за градоначалник Ацо Попоски.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

Ова е слоганот по кој ќе биде препознатлива изборната кампања на НСДП и кандидатот за градоначалник Ацо Попоски.

Изградба на интернационален саем, топлификација, како и заложби Охрид да прерасне во модерен град. Ова е само дел од она за што ќе се залага Попоски.

На многу современ, европски начин одржана прес-конференција на НСДП и претставен концептот со кој кандидатот за градоначалник од оваа партија ќе настапи на претстојниве локални избори. „Сето мое досегашно искуство, знаење и менаџерски способности, имам намера да ги пренесам на локалната самоуправа“, рече кандидатот за градоначалник Ацо Попоски.

„Главниот концепт на нашата изборна програма е  “За мене Охрид е главен град“. Првата тема на која ќе се посветам, доколку бидам избран, ќе биде на Охрид да му ја вратиме стопанската перспектива, за да можат младите генерации да најдат работа. Ќе се залагам и Охрид преку цела година да биде привлечен за туристите, а како позначаен проект од мојата програма е изградбата на интернационален саем„ -додава Попоски.

Aco PoposkiТрговски центри, паркинзи и модерна администрација, достапна за секого е она по што мора да биде препознатлив модерниот Охрид. Тежишен проект на  програмата на Попоски и нешто што, според него, на ваков град му недостасува е градска Топлификација.  
На денешната прес-конференција беше истакната и листата на советници за Општина Охрид од оваа партија. Носител на листата е Верица Хајба менаџер по туризам. На втората позиција е Драган Пандески, приватен стопанственик, трет е Гоце Марковски, спортски работник, а по него д-р. Васка Кочоска. Дипломираниот архитект Ружди Муфти е на петатта позиција, а судијата Тома Манески  по него. На седмото место Милчо Ристески, осми Драган Танаскоски, девети Кире Џалески, повратник од Холандија и голем хуманитарец, а десетта Марина Талевска доктор по биолошки науки.

„Карактеристично за оваа листа е тоа што сите кандидати не се членови на нашата партија. Дел од нив беа замолени да бидат со нас“ – рече кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски.

 

 

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top