Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ се сретна со туристичко угостителските работници.
Разговараа за проблемите со кои се соочуваат но и за тоа, доколку Нанче биде избран за градоначалник, би можел да промени.
Кирил Трендафилов Нанче, се сретна со туристичко угостителските работници. На средбата отворено се дискутираше за проблемите со кои се соочува оваа група Охриѓани, а преку нив и сите гости кои доажаат во Охрид.
„Посебно со вас сакавме да оствариме средба, затоа што вие сте замената за индустријата во Охрид“, рече претседателот на општинската организација на ВМРО ДПМНЕ Борче Стефаноски.
Кандидатот за градоначалник Кирил Тредафилов на присутните, им вети, дека доколку биде избран за градоначалник, негова интенција ќе биде сезоната во Охрид да се продолжи.
„Најголем бизнис во светот е туризмот, затоа треба да го искористиме богатството што го имаме, рече Трендафилов. Тој беше запрашан за неговите планови за НП Галичица, и дали ќе се залага за се направи скијачки центар на оваа наша гордост.
На средбата сите се сложија дека Охридскиот аеродром игра клучна улога за поврзување на Охрид со светот. Управниот одбор на аеродроми, одлучи тој да биде ниско буџетен, рече Борче Стефаноски, директор на Охридкиот аеродром.
На денешната средба се разговараше и за плановите на Трендафилов доколку е градоначалник што би направил за справување со сообраќајниот метеж и паркинг просторот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град