Охридската противпожарна единица ќе добие нова опрема за справување со огнените стихии. Тоа ќе ја подобри ефикасноста на пожарникарите.
Охридската противпожарна единица ќе добие нова опрема за справување со огнените стихии. Тоа ќе ја подобри ефикасноста на пожарникарите.
Потпишан меморандум, со кој се предвидува донација за охридската противпожарна единица. Таа ќе биде во вредност од 300 000 евра. Предвидено е да се достави, комплетно опремено современо противпожарно возило и лична опрема за пожарникарите.
Опремата се очекува да биде доставена во текот на месец мај. Тогаш би требало да започне и обука на персоналот за ракување со новата опрема, како и вежби за справување со пожари од поголеми размери. Обуката ќе биде финансирана од донаторот на опремата.
Како потсетување минатата година во Охрид се случиле 252 пожари од кои 181 биле во градот, а остананатите во околината на Охрид. Според портпаролот на градоначалникот Никола Манески, во иднина се очекува кризниот штаб да изготви проек со кој ќе се обединат ППЕ на општините во републиката.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град