По шестовалентната вакцина денес започна и примената на петовалентната вакцина. Оваа вакцина е наменета за децата кај кои имунизацијата е веќе започната. Од поливалентните вакцини бенефит имаат децата, родителите, а и здравствените установи, велат здравствените лица.
Од денес започна имунизацијата со петтовалентната вакцина. Оваа вакцина е наменета за децата на возраст од 3,5 и 18 месеци кај кои имунизацијата е веќе започната. Петовалентната вакцина во својот состав содржи заштита од дифтерија, тетанус, голема кашлица, парализа и хемофилус инфлуенце тип Б. Воведувањето на поливалентните вакцини започна од 1ви август кога беа промовирани шествалентните вакцини во кои покрај од погоре наведените вируси децата се заштитуваат и од хепатит Б. Шестовалентната вакцина се дава на новороденчиња во вториот и шестиот месец.
Да нема сомнеж кај родителите дека со едно боцкање нема де се створат антитела. Во светот овие вакцини се користаат подолго време. Со употребата на овие вакцини организмот создава антитела и истовремено ги заштитува децата од сите шест болести, вели Д-р Зора Димитриевска-педијатар.
Д-р Димитриевска додава дека сите имаат бенефит од примената на поливалентите вакцини, и родителите и децата и работодавците , а секако и здравствените установи. Боцкањата на децата се намалуваат и од 13 се сведени на 7. Станува збор за ацелуларна вакцина од француско потекло и нема потреба од никаков сомнеж кај родителите.
Воопшто да не се плашат родителите. Од 1ви август веќе вакцинираме со поливалентни вакцини а кај децата досега не сме имале никакви реакции, вели Д-р Димитриевска.
До 18 месечна возраст секое дете треба да прими две шестовалентни и две петовалнетни вакцини. Стручните лица велат дека должност на секој родител е да го вакцинира своето дете, вели една мајка која ја затекнавме во советувалиштето.
Инаку, со имунизацијата децата се заштитени до својата 18та година. Дејството на вакцините не е доживотно туку трае од пет до десет години после примањето на вакцината. Но др .. објаснува дека оние деца кои се вакцинирани доколку се случи да заболат од некоја болест за која примиле вакцина тоа ќе биде во многу поблага форма. Процентот на имунизација во Охрид и околината е висок, а тоа се должи на добрата информираност на родителите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град