Можна смена на позицијата уметнички директор на Охридскиот народен театар.
ТВМ дознава дека досегашниот уметнички директор, реномираниот актер со долгогодишно искуство, Горан Стојаноски, веќе нема да ја извршува досегашната функција.
Во телефонски разговор, Стојаноски не информираше дека во овој момент тој работи единствено како актер во Охридскиот народен театар, и дека за сите информации поврзани со настапи на театарот, репертоар на претстави, во иднина треба да се обраќаме до директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска. Боцеска пак не одрекува дека можно е да дојде до кадровски промени на функцијата уметнички директор на театарот но не открива ништо пококретно. Според директорката, одлуката за повлекување на Стојаноски од оваа функција била поради негови лични причини, но вели дека ќе причекаат извесен период во случај тој да се премисли. Доколку тоа не се случи, директорката Боцеска вели дека на тоа место ќе биде назначено друго лице, но дека Стојаноски ќе ја извршува работата додека тоа лице не биде официјално назначено. Информира дека во меѓувреме, интензивно се работи на подготовка на театарските проекти кои се дел од годинешната програма на Охридскиот народен театар.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град