Договорен закон и специјален јавен обвинител

ЕУ го поздрави договорот за избор на Специјален обвинител

 |  инфодеск  | 

Катица Јанева, обвинителка од Гевгелија, ќе биде специјален јавен обвинител, што ќе ги расчистува случаите „Пуч“ и „Прислушување“, се договорија претставниците на четирите партии по долгите преговори што траеја до раните утрински часови.
По повеќе од 15 часа работната група под силен меѓународен притисок од амбасадорите Орав и Бејли, како и посредникот Ванхауте ги договорија измените на законот за јавен обвинител и ги прецизираа сите детали. Неофицијално на состанокот ноќеска присутни биле и лидерите на СДМС Зоран Заев и на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
Во преговарачките тимови во Клубот на пратеници учествуваа Никола Тодоров, Антонио Милошоски и Биљана Бришкоска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Артан Груби од ДУИ, Радмила Шекеринска, Рената Дескоска, Оливер Спасовски и Цветанка Иванова од СДСМ, и Беким Фазлиу и Имер Алиу од ДПА.
Според информациите законот уште денеска ќе се најде во Собрание, така што ќе биде достапен за сите.
Европската унија денеска го поздрави договорот што по три дена преговори беше постигнат меѓу главните политички партии во Република Македонија за донесување Закон за избор на Специјален обвинител што ќе се справи со случаите „Прислушување“ и „Пуч“.
– Ние го поздравуваме договорот што беше постигнат од политичките партии утринава во Скопје за избор на Специјален обвинител, што, како што знаете е важен елемент од политичкиот договор што беше олеснет од комесарот Хан и неколку европратеници во јуни и јули. Очекуваме усвојување на релевантен закон во Парламентот и очекуваме дека Специјалниот обвинител ќе ја добие целата потребна поддршка за да ја исполни важната задача што ја има, изјави Маја Коцијанчич, портпаролка на Европската комисија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top