Градоначалникот Бакрачески се сретна со својот колега од Воден, Јану Димитриос во рамки на проект Вотернет финансиран преку ИПА фондовите на Европската Унија.
Прва официјална средба на градоначалникот Никола Бакрачески со неговиот колега од грчкиот град Воден, Јану Димитриос. Во рамките на посетата, градоначалникот Бакрачески присуствувал и на официјалната презентација на проектот „Вотернет“ кој го спроведуваат Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и Универзитетот „Аристотел“ од Солун, чиј бенефит, општина Охрид го почувствува добивајќи ги средствата со кои се изградија 200 метри од пешачката патека кај „Студенчишта“. На средбата, градоначалникот Бакрачески истакнал дека примарна цел за локалната е добивање на срества преку овој проект со кои ќе се работи на подобрување на постојната и изградба на нова крајезерска инфраструктура, како и стекнување на искуство во аплицирањето за вакви проекти.
Според презентираното, соработката треба да ги опфати двата града во делот на градба на информативни туристички пунктови, за што во Охрид е планирано да се изгради информативен пункт кој ќе има форма на едрилица, потоа медиумски активности за подигање на свеста кај населението за важноста на водата, со посебно внимание на ”Денот на рибарите” во Охрид и ”Фестивалот на водата” кој се одржува во Воден, како и настанот во Солун каде ќе се одбележи меѓународниот ”Ден на водите”. Инаку соработката со Воден на општина Охрид му отвора можност за заедничко аплицирање за проекти во вкупна вредност од 530 илјади евра како дел од ИПА програмата за прекугранична соработка.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град