На изнесеното на денешната прес конференција на СДСМ во Долно Лакочереј, стигна реакција од страна на месната заедница од соседното Горно Лакочереј.
„Меснава заедница од Горно Лакочереј од локалната самоуправа побаравме тампон, во моментот кога се ископуваше улицава „Питу Гули“, од таму ни се донесоа 7-8 камиони тампон, тампонот го побаравме за пополнување, крпење на дупките што се ископани на стариот пат.Можеби овој тампон ќе биде малку за утрешниот. Ние за утре имаме закажано една акција во која ќе учествуваат најмалку 30ина трактори, наша ровокопач машина за товарање ќе дојде. Се направило едно недоразбирање помеѓу луѓето што го носеле тампонот со камиони, нив им беше кажано да се истовари Лакочереј кај мостот, ама ние сме Горно и Долно Лакочереј, некој од камионите, од шоферите истоварил камион или два во Долно Лакочереј, наместо да го товарат во Горно, го донесле во Долно, настанала мала забуна и тој материјал што е истоварен таму ние утре ќе го подигниме, ќе го товариме за потребиве на Горно Лакочереј. Настанало недоразбирање меѓу возачите, истовариле на погрешно место.“-вели Илче Настоски-претседател на М.З Горно Лакочереј.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град