• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Презентирана ревидираната верзија на планот за управување со НП „Галичица“-екологистите предупредуваат за еколошките последици

Презентирана ревидираната верзија на планот за управување со НП „Галичица“-екологистите предупредуваат за еколошките последици

Потенцијалната загуба на природни богатства во НП„Галичица“ да се надоместува со мерки за компензација Ова е само дел од забелешките и препораките презентирани на денешната јавна расправа по однос нацрт измените на планот за управување со националниот парк „Галичица“. 

 |  Мишел Наумоски  | 
galicica

 Презентирана ревидираната верзија на планот за управување со националниот парк „Галичица“ и стратегиската оценка за влијанието врз животната средина со направените измени.

nacionalen park galicicaДенес во просториите на дирекцијата на националниот парк, екологисти, експерти од областа на биологијата, екологијата и животната средина, граѓани ги слушнаа предлозите, забелешките и препораките во однос на промената на зоните на заштита во националниот парк „Галичица“. Овие промени кои се прават поради предвидените владини проекти за изградба на ски центар на Галичица, експресен пат од Охрид до Пештани, ресторани, продавници, планински домови уште еднаш ја разбрануваа охридската јавност. Независниот меѓународен консултант за животна средина кој работеше на нацрт измените на ревидираната верзија од планот за управување со националниот парк „Галичица“ вели дека за секоја можна загуба на живеалиштата која ја предвиделе во паркот, биле предвидени мерки за компензација на тие живеалишта за секој од најавените проекти. Најсериозни забелешки имало во делот на туристичката развојна зона во Љубаништа 3 во делот во кој се наоѓаат изворите во Св.Наум.

zoni na zastita galicica„Во врска со изворите кај св.Наум беше утврдено дека очигледно тоа е едно важно природно живеалиште и локалитет, каде живеат важни видови на флора и фауна и не е возможно истото да биде компензирано во рамките на паркот и сметаме дека тоа е област која не може лесно или не може воопшто да биде заменета. Препораката беше Љубаништа 3 која е една компонента од туристичката развојна зона да биде ревидирана и дали предвидените проекти за оваа зона треба да се спроведат.“-вели Елизабет ван Зил-независен меѓународен консултант за животна средина.

Мерките за компензација кои според консултантите треба да се преземат со цел да нема загуби во природниот свет но и културните богатства за екологистите неразумни.

javna rasprava galicica„Сливново подрачје располага и со други места за изградба на скијачки центри. Сливново подрачје на Охридсково Езеро се протега од Пресека до Буково и до Св.Наум. Па малку ли има места во Дебрца за изградба на скијачки центри? Да ја оставиме Галичица да го штити Охридското Езеро, да го оставиме езерото да е богато со флора и фауна. Охридското езеро е голем економски потенцијал за Република Македонија кое носи приход од 6 до 7 милјарди евра вредност моментално, а што и колку ќе добиеме ние со тој скијачки центар, не е изнесено во излагањето. Не ми е јасно дали тој скијачки центар ќе е економски оправдан.“-рече независниот екологист и инженер агроном, Лазо Наумоски.

prezentacija zoni zastita galicicaИнаку во делот на промената на зоните, според ревидираната верзија на планот за управување, предвидено е во дел од зоната на активно управување во која не смее да се гради нова инфраструктура да биде намален степенот на заштита, но како компензација на тоа да се зголеми степенот на заштита на друга поголема површина во рамките на паркот. Во рамките на препораките беше кажано да се направи ревизија на ски патеката за нордиско скијање, строга ревизија на делот од експресниот пат од Охрид до Пештани кај Црно Грдо. Дополнително консултантите препорачуваат и изработка на стратегиска оценка за влијанието врз културното наследство на територијата на националниот парк за секој проект поодделно бидејќи истиот е под заштита на УНЕСКО. На расправата уште беше кажано дека сите граѓани, невладини организации, екологисти и експерти од областа на заштитата на природата своите забелешки во усна или писмена форма по однос на оваа ревидирана верзија на планот може да ги доставуваат најдоцна до 28ми септември.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top