• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • 1 милион и 700 илјади евра од Фондот за иновации за сите иновативни поединци кои имаат идеја

1 милион и 700 илјади евра од Фондот за иновации за сите иновативни поединци кои имаат идеја

Од Фондот велат дека сите апликанти чии проекти ќе бидат избрани и финансирани ќе добијат не само финансиска, туку и логистичка и советодавна поддршка од стручните лица во Фондот.

 |  Мишел Наумоски  | 
inovacii

Фондот за иновации и технолошки развој со нов јавен повик за сите што имаат добри, иновативни идеи, а немале финансиска можност да ги реализираат. 1 милион и седумстотини илјади евра во вкупно три програми на фондот ќе треба да ја дадат иницијалната каписла, на сите оние иновативни идеи кои досега не успеале да излезат како реален производ на пазарот. Денес во просториите на општината Фондот одржа еден вид работилница со цел да се подготват сите заинтересирани за процесот на аплицирање на следниот јавен повк за иновации кој ќе биде објавен. Креативните луѓе ќе имаат можност да ги реализираат своите замисли или како стартап и спиноф компании каде се доделуваат средства во висина од 30 илјади евра, како и средства од 100 илјади евра во инструментот за комерцијализација на иновации и 200 илјади евра за проекти за трансфер на технологии.

Popovska Fond„Овие три програми се доста интересни. Сметам дека денешната обука ќе им помогне малку подобро да ги подготват апликациите и да им доделиме поголем број на средства. За овој повик кој ќе следи имаме на располгање 1.700 илјади евра и можам да кажам дека од Охрид имаше голем интерес на настаните кои ги организиравме на почетокот на оваа година, се надевам дека ќе има интерес и на настаните кои ќе следат затоа што детално ќе одиме низ апликацискиот пакет, а особено ми е чест да најавам дека имаме и еден корисник од Охрид кој што доаѓа и кој веќе имплементира проект со средства од Фондот, затоа ги охрабрувам сите во овој регион да аплицираат.“-вели Јасмина Поповска-Директорка на Фонд за иновации и технолошки развој.

Поповска вели дека патот на секој заинтересиран апликант започнува со поднесување на апликација преку микро, мало или средно претпријатие, се подготвува предлог-проект, се пополнуваат обрасци кои се достапни на веб страната на фондот www.fitr.mk и се доставуваат до фондот кој потоа ги евалуира пристигнатите апликации.

fond za inovacii„Тие што ќе бидат предселектирани од овој комитет ги посетуваме на терен, да видиме како одат работите таму, имаме интервју со менаџерскиот тим, на крај од тој циклус од 30 дена се донесува одлука од комитетот каде што се избираат и им се доделуваат средства на тие претпријатија што доставиле најдобри предлог проекти. Понатаму тече имплементацијата на проектите, почнуваат со реализација на активностите според планот што го доставиле, ние ги следиме, соработуваме со нив, им помагаме да ги разберат процедурите и да ги имплементираат, да не згрешат нешто, така што соработката е пријателска, и поприлично сме насочени кон тоа да им помогнеме да ги изградат капацитетите самите претпријатија низ целиот процес.“-рече Поповска.

Инаку во рамките на првиот јавен повик за иновации, како една од шеснаесетте компании кои добија средства од Фондот за иновации и технолошки развој беше и охридската компанија „Марси електро системи“ за микропроцесорско управување на печки на пелети.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top