Продолжува агонијата во врска судењето на осомничениот Лазе Радески.
Продолжува агонијата во врска судењето на осомничениот Лазе Радески. Обвинетиот е осомничен дека во периодот од 2006 до 2008 ги убил Раим Ракипи, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески.
Денеска во основниот суд Охрид, продолжи судењето за Лазе Радески кој е осомничен дека во периодот од 2006 до 2008 ги убил Раим Ракипи, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески.
Од странa на одбраната на претходното судење беше побарано да се изврши вештачење на техниката со која е направена снимката во продавницата „Грини“ и да се утврдат кои се причините за прекинот во снимениот матријал и да се направи рекнстукција на случајот.
На денешното судење од страна на судот беа одбиени барањата за реконструкција на случајот како не потребни.
Одбранат побара да се прочитаат одобренијата за посета на обвинетиот и да се објави кои се имињата на службените лица, кои го посетувале додека се наоѓал во притвор во охридскиот т.е скопскиот затвор. Потоа од одбраната беше предложен распит на истите.
Предлогот за понатамошен распит на вешти и службени лица беше одбиен од страна на судот.
Новото судење е закажано за 6 ти март на кое е предвидено е да се прочитаат завршните изјави.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град