Вевчанец незаконски издавал одобренија за сеча

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, и „фалсификување или уништување деловни книги“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.Б.(47) од Вевчани-лиценциран работник за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост овластен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, и „фалсификување или уништување деловни книги“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.Б.(47) од Вевчани-лиценциран работник за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост овластен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.

сврПријавениот во текот на 2013 и 2014 година противзаконски издал вкупно 176 одобренија со кои одобрил сеча на 11.040,оо м3 дрва, од кои се исечени и со испратница испорачани  9052,5 м3. Со тоа, тој се стекнал со противпрана имотна корист од 2.281.230 денари. Наместо да постапи според Законот за шуми и Законот за општа управна постапка и поради некомплетна документација да носи заклучоци за одбивање на барањата за одобренијата за сеча, П.Б. противправно издавал одобренија и уредно не ги водел досиејата за нивното издавање. Тој не ги пополнувал евиденциските картони за приватна шума што е работна обврска согласно законот за шуми.

Пријавениот, во текот на 2013 издал испратници на  физичко лице од Вевчани за превоз на дрва со вкупна количина од 25 метри просторни. Тој на испратниците напишал дека дрвата потекнуваат и се превезуваат од приватната шума на физичкото лице М.Б. која има одобрение за сеча на катарстарска парцела КП 4396, иако знаел дека дрвата не потекнуваат од таа парцела. Со тоа и овозможил одобрение за сеча на 50 м3 огревно дрво и противправна имотна корист од 56.250,оо денари по што  со свој потпис и печат ги изготвил и заверил испратници со невистинита содржина. Така, пријавениот легализирал дрва сечени без одобрение и истите ги обележал со печат како да се сечени на приватна парцела.

Во 2013-та пријавениот П.Б. незаконски  издавал обренија за сеча на приватна шума, без комплетна документација и без потребниот геодетски елаборат туку само со приложена скица од теренско мерење, технички извештај, копија од катастарски план или записник за обнова на граница.

Во 2014 година, пријавениот  издал 63 одобренија за сеча иако подносителите на барање не приложиле задолжителен   геодетски елаборат, туку доставиле скица од теренско мерење, технички извештај, копија од катастарски план или записник за обнова на граница.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top