Министерството за здравство објави видео на кое што можат да се видат детали за изгледот на Специјалната болница за ортопедија и трауматоогија „Свети Еразмо“ во Охрид по најавената реконструкција.
Министерството за здравство објави видео на кое што можат да се видат детали за изгледот на Специјалната болница за ортопедија и трауматоогија „Свети Еразмо“ во Охрид по најавената реконструкција.
Од средината на месец октомври се очекува да започнат градежните работи за реконструкција на болницата кои треба да завршат во рок од 18 месеци или до април 2017 година, најави министерот за здравство на Република Македонија Никола Тодоров.
Станува збор за вкупна инвестиција вредна 215 милиони денари. Проектот опфаќа реновирање и адаптација на постојниот објект на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Охрид Св. Еразмо – Охрид, а вклучувајки ги и потребите на Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.
– Целта е со оваа реконструкција да овозможиме сериозно унапредување на стандардите и условите за работа, како и зголемување на капацитетите за дијагноза и третман на пациентите. Инаку, оваа болница датира некаде од 1950 година (кога функционирала во бараки), потоа во 70-тите години бил изграден објект од поцврста градба, а веќе во 90-тите години била изградена карабината врз основа на која во претстојниот период ќе се гради нова, најсовремена болница, рече Тодоров.
Комплетната реконструкција, како што најави, ќе опфати површина од вкупно 5.623 метри квадратни, кои ја даваат функционалната целина на објектот (2.191 метар квадратен на приземјето, 2.061 метар квадратен на прв кат, 1.370 метри квадратни на втор кат).
– Инаку, првата фаза од проектот опфаќа доградба на централната-стара болничка зграда и карабината. Предвидено е да се реновираат и реорганизираат амбулантите, лабораторијата, стерилизацијата, и другите дијагностичките содржини. Ќе бидат комплетно реновирани операционите сали со интензивната нега, како и болничките оддели со оформување тоалети во секоја соба. Исто така, со доградбата на централната-стара болничка зграда, предвидено е во карабината да се имплементираат содржините кои се потребни на Заводот за кардиоваскуларни заболувања, додаде Тодоров.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град