Еден од најпознатите кошаркари во историјата на НБА лигата Чарлс Баркли, треба да одлежи пет дена во затвор.
Еден од најпознатите кошаркари во историјата на НБА лигата Чарлс Баркли, треба да одлежи пет дена во затвор.
Баркли е осуден откако признал дека е виновен за две точки од обвинението за возење под дејство на алкохол. Американскиот кошаркар е уапсен во Феникс за време на новогодишните празници. Тој исто така признал дека е виновен за поминување на црвено. 45 годишниот Баркли е осуден на десет дена затвор, но од нив ќе одлежи само пет. Тој исто така е казнет со 2 илјади долари.
Во неговата крв имаше два пати поголем процент на алкохол од дозволениот лимит во државата Аризона. Баркли ќе ја одлежи казната на 21 март. Баркли, со американскиот „дрим тим“ освои злато на Олимписките игри во Барселона во 1992 и Атланта во 1993 и од 2006-тата е во „холот на славните“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град