Дали засадените палми во Охрид се сушат

Палмите во Охрид почнаа да се сушат. Од ЈП “Комуналец“ велат дека тие ги следат препораките за одржување на овие тропски дрвца, но било очекувано некои од нив и да угинат. „Комуналец“ добил препораки како да се грижи за палмите и во зимскиот период.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Дали засадените палми во Охрид се сушат. Дваесетина дрвца веќе покажуваат знаци на згинување па граѓаните коментираат дека овие тропски дрва воопшто не требаше да се садат овде бидејќи климата и поднебјето не им одговараат. Од ЈП „Комуналец“ пак ги демантираат ваквите коментари кажувајќи дека само шест палми се исушени, а другите десетина се во фаза на исушување, но сеуште имаат зелени листови па можно е и да успеат. Директорката на Комуналец Елена Скрческа кажува дека ги почитувале препораките дадени од ЈП „Македонски шуми“ за одржување на палмите во летниот период.Секојдневно ги ваделе и оросувале посебно кога температурите беа многу високи. Скрческа вели дека добиле инструкции како да се грижат за палмите и во зимскиот период. Иако е наведено дека овие егзотични дрва можат да успеат и на температура од  -15 степени целзиусови екипите на Комуналец се подготвуваат палмите зимава да ги заштитат со најлони или пак околу коренот да им стави слама или природно ѓубриво како би им задржувало топлина. Неодамна директорот на Македонски шуми, Жарко Караџовски изјави дека е презадоволен како напредуваат палмите во Охрид и дека би бил среќен ако успеат 60 отсто од дрвата.Тој рече дека било нормално кога ќе засадите дрва одреден процент да се исушат. Инаку овој проект на ЈП „ Македонски шуми“се реализира кон средината на мај годинава кога во Охрид беа засадени 200 влакнести палми високи од 3 до 4 метри.  Како што беше тогаш кажано, со засадувањето на овие тропски дрва се сака Охрид да добие имиџ на „ град на палмите“.  ЈП „ Македонски шуми“ за околу половина милион евра  набави 1100 палми. Дел од нив веќе се засадени покрај во Охрид уште и во Скопје,  Струга, Преспа, Дојран и Гевгелија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top