На половина од натпреварите од осмина финалето од Лигата на шампионите кои синоќа се одиграа, може да се каже дека се постигнати очекувани резултати.
На половина од натпреварите од осмина финалето од Лигата на шампионите кои синоќа се одиграа, може да се каже дека се постигнати очекувани резултати.
Дербито на вечерта во Милано без голови, но сепак гледавме добар фудбал. Бранителот на трофејот, можеби одигра подобро. Додека во Милано не видовме гол во Мадрид ги имаше дури четири.
Речиси сите 90 минути напаѓаа фудбалерите на Манчестер, на самиот старт во два наврати Роналдо не успеа да погоди. Потоа и Керик не се снајде најдобро во шеснаесетникот на Интер.
Бугаринот Бербатов имаше извонредна шанса со глава но не погоди. И во второто полувреме Манчестер напаѓаше, но голманот Цезар ја круниса својата извонредна претстава на голот на Интер во самиот финиш на натпреварот кога Роналдо биеше од слободен удар, меѓутоа резултатот остана непроменет.
Арсенал славеше против Рома на домашен терен со 1:0. Голот го постигна Робин ван Перси во 36. минута од пенал, кој беше направен токму врз него од очајниот Мексес.
Фудбалерите од Северен Лондон ќе патуваат во Рим со мала но значајна предност.
Лион и Барселона одиграа нерешено 1:1. Лион прв поведе со голот на Жунињо од слободен удар од левата страна. Неверојатно како топката мина покрај голманот Валдез, лош старт за Барса.
Но во второто полувреме Барселона изедначи преку Анри по корнерот на Чави. Многу важен гостински гол за „каталонците“ пред реванш натпреварот.
Во последниот вечерашен натпревар Атлетико Мадрид и Порто одиграа 2:2. Атлетико два пати доаѓаше до водство, преку Макси Родригез и Диего Форлан, но Лисандро Лопез во два наврати се погрижи да поволен резултат.
Резултати:
Арсенал – Рома 1:0
Атлетико Мадрид – Порто 2:2
Интер – Манчестер Јунајтед 0:0
Олимпик Лион – Барселона 1:1
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град