Извидничкиот Одред ПИОНЕР од Охрид на овогодинешните Републички СРЕДБИ НА ИЗВИДНИЦИ-СТРУГА 2015,одржани во периодот од 28-30.08.2015 година, зеде учество со две екипи на помлади извидници и една екипа од извидници.

Средбите беа одлично организирани од одредот домаќин Извидничко-поречанскиот одред “Крсте Јон” од Струга,со гости од повеќе градови од РМ, при што учесниците имаа можност да ги покажат своите стекнати и научени животни вештини, комуникација преку семафорска сигнализација и морзеова азбука,урбана ориентација,полигони на спретност,тестови по општа култура и познавање на својата Татковина,културно забавни натпревари и незаборавно дружење покрај логорскиот оган.
Екипите од нашиот И.О.Пионер претставувајќи го нашиот град Охрид ги освоија првото и петтото место во категоријата на помлади извидници и првото место во категорија извидници,како и овогодинешниот трон на натпреварот добивајќи го преодниот пехар.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град