• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Заев: „Ако на 15ти септември нема специјален јавен обвинител за да му ги предадеме материјалите, бомбите продолжуваат“

Заев: „Ако на 15ти септември нема специјален јавен обвинител за да му ги предадеме материјалите, бомбите продолжуваат“

Заев потенцираше дека се подготвени да ги поддржат сите процеси кои според нив ќе доведат до демократизирање на институциите во Македонија, како и тоа дека очекува до одржувањето на изборите, да паднат и првите обвинителни акти за се што е поврзано и произлегува од прислушувањето.

 |  Мишел Наумоски  | 
zaev

Лидерот на најголемата опозициона партија, Зоран Заев денес со детали околу преговорите во рамки на работните групи кои во моментот се обидуваат да се договорат околу прашањето за специјалниот јавен обвинител. Во рамки на посетата на Струга и струшкиот регион, Заев изјави дека како политичка партија се отворени комплетно да ги поддржат сите процеси кои ќе доведат до демократизирање на институциите во Македонија.  Според него, нема гаранции дека до 15ти Септември до кога е крајниот рок за формирање на институцијата специјален јавен обвинител, истиот ќе биде избран. Заев смета дека единствена гаранција за спроведување на процесот е присуството на меѓународниот фактор.

Zoran Zaev„Тука се меѓународната заедница, со своите претставници кои што беа модератори на ова што го постигнавме но и гаранција. Секогаш се овде да дадат чекор кон исполнување на договорот. Една работа да биде јасна за сите, ако има јавен обвинител на 15ти септември, тогаш сме исполниле едно поглавје од договорот, но тоа не значи само исполнување, тоа значи дека опозицијата и Заев ќе имаат кому да ги предадат материјалите. Ако нема кому да му ги предадеме материјалите, бомбите продолжуваат и воопшто окото нема да ни трепне, но нашата надеж е дека процесот ќе биде сериозно сфатен од сите политички чинители, за да продолжат сите докази низ специјалниот јавен обвинител, низ анкетната комисија, низ сите институции на системот и државата кои што постојат.“-вели Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Заев вели дека ниту опозицијата, ниту власта не се до крај начисто во делот на крајното решение, но дека се согласни во целосната автономија на специјалниот јавен обвинител. Додава дека генерално се усогласени ставовите околу автономијата на специјалниот обвинител, неговите примања, начинот на формирање на истражните одделенија. Но и дека сеуште има несогласувања по одредени прашања.

Zaev Struga„Единствено проблем е очигледното развлекување на процесот, тие имаа шанса повеќе од девет години да ја водат Република Македонија и знаат што е Устав и закон и знаат дека мора да се придвижиме кон договори по секоја од точките кои што ќе водат кон демократизација на Македонија. Тоа е суштината на преговорите, тоа е суштината и на договорот. Имплементацијата на препораките на Европската Унија, согласно извештајот на Прибе, поглавјата 23 и 24 кои што мора да доведат до независно правосудство, независни медиуми, да ги демократизираат институциите, се императив, тоа е најглавната придобивка за Република Македонија, нус продукт од ова се фер, регуларни и демократски избори, секако ние сме убедени кои власта конечно ќе ги изгуби и ќе замине, за да можеме да ја демократизираме Македонија.“-рече Заев.

zaev poseta strugaЗаев уште еднаш истакна дека опозицијата од 1ви Септември после долго отсуство, се враќа во парламентот, како би учествувале во изгласувањето на Законот за специјалниот обвинител. Инаку денес целокупното партиско раководство на СДСМ, генералниот секретар, членовите на извршниот одбор, пратеничката група, општинското раководство, како и членовите на централниот одбор беа во посета на Струга, како и добар дел од околните села како би поразговарале со граѓаните и од прва рака би ги слушнале нивните секојдневни проблеми.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top