Во црквата Св.Дух во Котор, Црна Гора, на иницијатива на меѓународниот фестивал КоторАрт беше потпишана Которската иницијатива, Меморандум за соработка на четирите најзначајни регионални летни фестивали: Меѓународниот фестивал КоторАрт (Црна Гора), Дубровнички летни игри (Хрватска), Фестивалот Љубљана (Словенија) и Охридско лето (Македонија).
Во црквата Св.Дух во Котор, Црна Гора, на иницијатива на меѓународниот фестивал КоторАрт беше потпишана Которската иницијатива, Меморандум за соработка на четирите најзначајни регионални летни фестивали: Меѓународниот фестивал КоторАрт (Црна Гора), Дубровнички летни игри (Хрватска), Фестивалот Љубљана (Словенија) и Охридско лето (Македонија).
Спогодбата ја потпишаа Ратимир Мартиновиќ (директор на которАрт Дон Бранкови денови на музика и координатор на сите програми на КоторАрт), Младен Тарбук (интендант на Дубровничките летни игри), Дарко Брлек (директор на фестивалот Љубљана и претседател на Европската асоцијација на фестивали) и Елизабета Јанкуловска (директорка на Охридско лето).Целта на потпишувањето на меморандумот Которска иницијатива е остварување на подобар дијалог и интензивирање на соработката помеѓу фестивалите , како и отворање простор за реализација на заеднички проекти и програми, размена на проекти, програми и искуства, како и зајакнување на културната соработка помеѓу земјите потписнички.
На потпишувањето на спогодбата присуствуваа и министерот за култура на Република Црна Гора Павле Горановиќ, министерот за култура на Република Хрватска Берислав Шипуш и секретарот на Директоратот за творештво при Министерството за култура на Република Словенија др. Матјаж Шекорања, кој со своето присуство даде силна поддршка на поврзувањето на репрезентативните фестивали, и плодна регионална размена и соработка во областа на културата.
За директорката Елизабета Јанкуловска потпишувањето на овој меморандум претставува голема чест и задоволство.
Според неа оваа соработка ќе овозможи подобро претставување на полето на уметноста и културата, ќе обезбеди подобри преговарачки позиции, заедничко претставување на светската културна сцена, копродукција и размена на проекти и програми со цел меѓународно зголемување на рејтингот на фестивалите.
-Ова за сите нас ќе значи огромна можност за да ги достигнеме највисоките врвови на музичката и театарската уметност во светски рамки, гледана во творечка и во исполнителна смисла. Поврзување на фестивалите ќе значи и побогата репертоарска програма, заедничко преговарање, продуцирање и претставување на настани кои ќе може да се прикажуваат и надвор од нашите граници, односно програмско и деловно поврзување за обезбедување на подобри услови и повеќе финансиски средства, смета директорката на Охридско лето, Јанкуловска.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град