• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Локалната ќе формира посебна комисија која ќе се грижи за заштита на правата на пациентите

Локалната ќе формира посебна комисија која ќе се грижи за заштита на правата на пациентите

Формирањето на истата е обврска на сите локални самоуправи според Законот за здравствена заштита.

 |  Мишел Наумоски  | 
bolnica

Советот на општина Охрид ја донесе одлуката за формирање на комисијата за унапредување и заштита на правата на пациентите. Формирањето на оваа комисија е законска обврска на сите локални самоуправи согласно Законот за здравствена заштита.

opsta bolnicaОва партиципативно тело, ќе биде составено од советници во Советот на општина Охрид, претставници на пациентите-членови  на здруженија на пациенти, лекари кои се пензионирани односно во моментот не извршуваат дејност како и претставници на организации кои делуваат во насока на унапредување на правата на пациентите.

„Ќе биде испочитувана таа обврска, тоа тело ќе биде формирано, и општина Охрид, покрај тоа што ќе исполни законската обврска ќе овозможи пациентите, доколку се соочат со некаков проблем во рамки на здравствените установи, да има на кого да се обратат, и од кого да добијат прецизни информации за постапката што следува понатака.“-вели Димитар Спасески, секретар на општина Охрид.

Ваквата комисија, според законот треба да биде составена од девет члена кои се избираат согласно статутот на општината. Нејзините надлежности се во делот на унапредување на правата на пациентите и нивната заштита, разгледување поплаки и предлагање мерки за подобрување на заштитата на правата на пациентите до надлежните органи, подготвување и издавање извештај за заштитата на правата на пациентите. Мандатот на членовите на комисијата изнесува две години, со право на уште еден последователен избор.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top