Лауреатот Беи Дао им оддаде признание на Струга и на Македонија

Со прашањето за секогаш за вечнатниот конфликт помеѓу поезијата и современиот начин на живеење годинешниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, кинескиот поет Беи Дао им оддаде признание на Струга и на Македонија, како прекрасни домаќини на овој фестивал.

 |  Голабовски Крсте  | 
беи дао

Со прашањето за секогаш за вечнатниот конфликт помеѓу поезијата и современиот начин на живеење годинешниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, кинескиот поет Беи Дао им оддаде признание на Струга и на Македонија, како прекрасни домаќини на овој фестивал. Дао кажа дека прекрасно е чуството да се слушне поезијата  како начин на изразување на еден фестивал, во една дамнешна земја во која се говори на јазик кој не е распространет.

bei dao„Сите овие промени кои се случуваа како перење на мозокот на луѓето со што материјалното се става пред духовното, е не давање предност на слободата на говорот претставува ограничување во изразувањето.Повторно ќе поставам прашање, за конфликтот помеѓу поезијата и начинот на кој што го живееме социјалното живеење, која е мотивацијата која се однесува на поезијата.

Беи Дао, кој во 2003 година беше учесник на Фестивалот, изрази задоволство што годинава учествува како лауреат на највисокото фестивалско признание, но и што ќе има повторно можност да се сретне со големи поетски имиња од целиот свет. Мите Стефоски – директорот на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ истакна дека вредноста на фестивалот е токму во листата на добитници на Златниот венец, а единствена причина и критериум за доделување на престижната награда на еден од најстарите поетски фестивали во светот на кинескиот поет Беи Дао претставува неговото богато поетско творештвото.

„Творештвото на Беи Дао кое ќе биде претсатвено и славено во рамките на струшките вечери на поезијата. Тоа е единствениот и највисокиот критериум заради кој денешниот лауреат е награден.Нашата автономност во донесувањето на таквите одлуки никогаш досега ниту одсега ќе биде доведено во прашање.

slave i miteПретседателот на управниот одбор на „Струшки вечери на поезијата“, поетот Славе Ѓорго Димоски истакна дека овој фестивал ја издигна Струга во центар на сите меридијани од кои зрачи убавиот, поетскиот збор кој претставува есенција на јазикот на кој комуницираме. Димоски за годинешниот лауреат рече дека е поет кој направил симбиоза на кинеската поетска традиција и на она што претставува европска и американска поетска традиција.

„Поет којшто во светски рамки е име кое значи но и во самата кинеска  литература бидејќи тој на еден начин има направено  симбиоза на кинеската поетска традиција и на она што претставува европска и американска поетска традиција. Во тој контекст јас го поздравувам неговото доаѓање во Струга и ја знае магијата на овој фестивал и со добивањето на наградата ќе ја почуствува возвишената страна на таа поетска магија.

Во рамки на програмата вечерва во хотелот „Дрим“ ќе биде отворена изложба на Александар Ѓорѓиев, по што  пред платото на „Домот на поезијата“ со традиционалното читање на Константиновата “Т`га за југ” ќе се одржи Свеченото отварање на фестивалот. На меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“ годинава поетско послание ќе има познатиот сириско-либански поет со светска слава Адонис, кој ќе се обрати во име на сите поети учесници и лауреати на Златниот венец кој годинава одблежува 50 години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top