Фатени крадци кои во струшко краделе дрва со коњи

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.В.(37) од струшкото село Поум.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.В.(37) од струшкото село Поум.  

svrПријавениот, без соодветна документација за сеча на дрва  организирал, пресекол и одзел туѓа шума во количина од 10 метри просторни, со што се стекнал со противправна имотна корист од 24.000,оо денари. Тој ангажирал три лица албански државјани за сеча на дрва од шумски терен во подрачјето на селото Поум на земјиште кое не е негова сопственост. Тие требало  бесправно односно без одобрение да ги сечат дрвата а потоа да ги транспортираат за потребите на сега пријавениот.

На 14 јули оваа година, при контрола на месноста „Ара баба“ во шумскиот појас над селото Поум, затекнати се албанските државјани кои пресекле 250 стебла даб и 26 стебла бука. Претходно тие извршиле транспорт на одредена количина дрва со коњи бидејќи пристапот до местото не овозможувал употреба на моторни возила.

На местото на нелегалната сеча на дрва, пронајдени се 10 метри просторни дабово и буково дрво, една машина за сечење дрва и 7 коњи со самари. Дополнително е констатирано дека албанските државјани немале пријавено престој заради обавување на дејност-шумски работници.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top