На дневен ред на седницата на Советот на Општина Охрид закажана за оваа среда ќе се најде и Предлог-одлуката за формирање Комисија за унапредување и заштита на правата на пациентите.
На дневен ред на седницата на Советот на Општина Охрид закажана за оваа среда ќе се најде и Предлог-одлуката за формирање Комисија за унапредување и заштита на правата на пациентите.
Целта на формирање на ваквата комисијаќе биде да ги унапредува правата на пациентите и нивна заштита, да ја следи состојбата со заштита на правата, да предлага мерки за подобрување на нивната состојба пред надлежни органи, соработува со надлежни органи, да разгледува поплаки од пациенти како и други активности предвидени согласно закон.
За оваа предлог одлука охридските советници ќе расправаат в среда.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град