Дечињата македонци од дијаспората го усовршуваа познавањето на македонскиот јазик

Денес тие добија благодарници за нивното учество од страна на министерот за надворешни работи, Никола Попоски кој одржа и мало предавање за дечињата.

 |  Мишел Наумоски  | 
kamp dijaspora

Дечињата од заедниците на македонците во соседните земји и земјите на дијаспората изминативе денови ги усовршуваа своите познавања на мајчиниот, македонски јазик. Денес беше завршниот дел од традиционалниот летен камп „Ја сакам Македонија“ на кој тие имаа можност не само да научат за својата историја, својот јазик туку и да презентираат дел од тоа што го научиле.

kamp ja sakam makedonija„Јас се чувствувам на кампот „Ја сакам Македонија“ одлично, научив се по македонски јазик и историја, научивме се и одлично го поминавме летниот распуст“.

„Тука е многу убаво учиме многу за македонскиот јазик, за нашата историја и географија. Учиме граматика, тука имаме езеро и базен и убаво е. “

„Доаѓам од Лерин имам седум ипол години и убаво поминувам тука, се е убаво, има и капење учиме македонски, добри се наставниците многу сум благодарен на тоа и посакувам следниот пат пак да не поканат.“-рекоа дел од нив.

Во рамките на посетата на овој камп, кој се одржува во организација на Министерството за надворешни работи, министерот Никола Попоски одржа предавање пред дечињата и им додели благодарници и книги на учесниците. Тој говореше за улогата и значењето на мајчиниот јазик во одржувањето на личниот и културниот идентитет.

poposki kamp„Ова е еден од назначајните проекти бидејќи Македонија е толку витална колку што е витален македонскиот јазик и не само во Република Македонија туку особено од страна на оние кои живеат надвор. Затоа и вложуваме толку енергија, затоа е и значајно овој проект да го развиваме и во иднина и замислуваме да го прошириме и со зимски камп, но и со вклучување на камп за средношколци кои би го изучувале или би се усовршувале македонскиот јазик. Досега имаат поминато неколку стотина дечиња. Оваа година сметаме дека е прилично успешен поради разноликоста на составот, бројот на земјите од кои доаѓаат и се надеваме дека ова ќе успееме да го надградиме уште повеќе следната година.“-рече министерот Попоски.

Инаку, во рамките на летниот камп „Ја сакам Македонија“ учествуваат деца од училишна возраст од заедниците на Македонците од Италија, Сбрија, Бугарија, Грција и Албанија. Годинава истиот се одржува по четврти пат.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top