• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Попоски: Помошта која Македонија ја доби од ЕУ за справување со мигрантите е симболична

Попоски: Помошта која Македонија ја доби од ЕУ за справување со мигрантите е симболична

Владата бара решение за зголемениот наплив на бегалци на границата со Грција.

 |  Мишел Наумоски  | 
migranti

Македонија во интензивни комуникации со соседните земји, Европската Унија и Обединетите нации со цел справување со големиот наплив на мигранти на границата со Република Грција. Драстичното зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат да влезат на територијата на Република Македонија од петстотини на 3000 лица дневно, ги стави на тест македонските институции во справувањето со овој сериозен проблем. Според министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, помошта која досега ја добиле од меѓународниот фактор, односно Европската Унија е симболична и дека најголемиот товар го понеле македонските институции.

migranti makedonija„Се надеваме дека Европската Унија ќе го земе во обзир фактот дека Македонија е дел од рутата и безразлика што не сме членка, ќе имаме подеднаков третман. Во Грција овој проблем не делува дека се намалува, што значи дека треба да бидеме подготвени можеби за продолжен период на ваков наплив. Се разбира дека и на грчка страна се надеваат да ги надминат проблемите на локално ниво односно да го намалат притисокот, но тоа предизвикува притисок на нашата граница. Доколку немаме сеопфатно решение, со сите земји, ниедна земја не може да го овој проблем сама, индивидуално и со сопствени ресурси.“-вели министерот Попоски.

Попоски потенцираше дека државата ќе прави максимални напори на македонско-грчката граница да се одвива текот, но според него невозможно е за 24 часа државата да се справи со таков енормен наплив на мигранти.

migranti„Границата не беше затворена, бидејќи ние имаме само прогласено критична ситуација во таа зона поради реалната ситуација на теренот, а таа е дека имаме сериозна група на луѓе, на мигранти кои на еден начин се потиснати од грчка страна кон македонската граница. Ние во секој случај ќе продолжиме со спроведување на тие луѓе, безразлика што ќе одлучат, дали ќе бидат баратели на азил или да го продолжат патувањето. Максимални напори вложуваме за хуман третман, но едноставно невозможно е физички да се справите со толкав наплив на мигранти, а од другата страна, имаме само решавање на краткорочните проблеми односно поместување на мигрантите поблиску до македонската граница. Истото ќе се случи и понатаму на сите граници кои тие ќе сакаат да ги поминат. Прашање е само на време, доколку немаме заедничко решение, кое ќе ја вклучува и Европската Комисија, затоа и апелите се упатени до нив.“-рече тој.

problem begalciВо однос на критиките и забелешките кои бројни светски медиуми и организации за заштита на човековите права ги пренесоа во текот на вчерашниот ден, а во однос на третманот на мигрантите од страна на полицијата и армијата на Македонија, Попоски вели дека Македонија е земја која во континуитет покажувала дека има огромен хуман капацитет. Потенцира дека Република македонија е земја која примила најголем број на бегалци по глава на жител од завршетокот на Втората светска војна наваму. Инаку Европската комисија досега обезбедила само 90.656 евра хуманитарна помош за Македонија, додека пак информациите велат дека во последна фаза е и програмата за помош на регионот на Западен Балкан и Турција во вредност од 8 милиони евра, кој треба да биде спроведен во септември.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top