Со натпреварите од осминафиналето во вторник продолжува натпреварувањето во Лигата на шампионите.
Дерби на вечерта секако ќе биде дуелот во Милано, каде Интер го пречекува бранителот на трофејот, екипата на Манчестер Јунајтед. Пред дербито со Милан Жозе Мурињо влезе самоуверено во салата за прес – конференции седна на столчето и со рацете помина низ косата. Веднаш потоа во негов стил им се обрати на новинарите: „Сакате да ви го кажам составот? Па ако ви го кажам можеме сите да си одиме дома“, откри Мурињо дека криењето на составот е во опис и попис на неговата работа.
Италијанскиот шампион очајнички сака успех во елитното натпреварување.
Вториот англиско-италијански дуел на програмата е во Лондон, каде Арсенал го пречекува тимот на Рома. „Топчиите“ оваа сезона не се ни бледа сенка на тимот кој претходните години негуваше убав фудбал, па може да се каже дека „Волчицата“ е поблизу до конечен успех.
Ранетата Барселона патува на мегдан со Олимпик Лион, противник со кого никогаш не се знае како ќе одигра, но нема дилеми дека Каталонците вкупно гледано се апсолутни фаворити.
Многу неизвесен ќе биде двомечот меѓу Атлетико Мадрид и Порто. Амбициите на мадридскиот тим оваа сезона се покажаа нереални, додека португалскиот шампион игра според очекувањата, но не може да се каже дека е фаворит во овие дуели.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град