Охридските ловџии од почетокот на месецов можат да ловат на трите ловишта во охридскиот регион , прлица потполошка и гулаб. Пред започнувањето на ловната сезона на прелетен дивеч уште еднаш службите од СВР Охрид ги потсетија на законските одредби при вршење лов. Тие препорачуваат ловџиите совесно да се однесуваат во текот на ловната сезона, да не ловат без дозвола, да не конзумираат алкохол, да не го нарушуваат јавниот ред и мир и соодветно да го транспортираат дивечот.
Започна ловната сезона на прелетен дивеч. Охридските ловџии од 1ви август до 31ви октомври ќе можат да ловат прлица потполошка и гулаб. Здружението на ловци- Охрид од Охрид располага со три ловишта и тоа ловиште Белчишта, Мешеишта и Косел. Состојбата со птици во ловиштата е задоволителен. Најмногу има потполошка и прлица. Ловот се врши поединечно и групно, а пред тоа мора да се обезбедат специјални дозволи за лов. Во Охрид се регистрирани 350 ловци. Со Законот за ловство секој ловец мора да има положено ловечки испит за да може да добие дневна дозвола. Голем интерес за лов има и кај странците со што се создаваат услови за развој на ловниот туризам.
Претежно интерес има за лов на ситен дивеч, фазан, еребица потполошка и др. Најголем интерес има од италјаните, албанците и грците кои доаѓаат овде со цел да ги посетат нашите ловишта, вели Зоран Целакоски-ловник од здружението на ловци-Охрид.
Секоја година пред започнувањето на ловната сезона ловното друштво има состанок со службите од СВР Охрид. Тие препорачуваат ловџиите совесно да се однесуваат во текот на ловната сезона, да не ловат без дозвола, да не конзумираат алкохол, да не го нарушуваат јавниот ред и мир и соодветно да го транспортираат дивечот.
И оваа година потсетивме на одредбите до кои треба да се придржуваат ловците во текот на ловната сезона и им ги предочивме последиците од непочитувањето на Законот за лов. Соработката ни е на завидно ниво па сме сигурни дека нема да има некои позначајни нарушувања, вели Стефан Димоски-портпарол на СВР Охрид.
Непочитувањето на овие одредби може да резултира со поднесување на прекршочни пријави и строги казни, децидни се од МВР.
Инаку, интересно е тоа што охридските ловџии со новите дополнувања на концесиите од оваа година имаат право да отстрелаат и срна и срндач. Од 1ви мај може да се лови срндачот а од 11 октомври и срната. За тоа е потеребна посебна дозвола и присуство на ловочувар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град