Доделени дипломите на генерација 2014 – 2015 ОСУ „Св Климент Охридски“ “

Доделувањето на дипломите не е крај туку почеток, за едни тоа е вклучување во работните процеси, за други продолжување на образованието, но за сите  претставува нов почеток. Синоќа во дворот на ОСУ „Св Климент Охридски“ охридските гимназијалци од генерација 2014 – 2015 зачекорија  во нова животна етапа, со дипломите за звршено средно образование.

 |  Николоска Биљана  | 

На патот по кој ќе чекорите во иднина одите исправено, достоинствено и гордо, да газите решително, но никогаш да не го занемарите знакот за ограничена брзина на патот, да не ја занемарите насмевката на новата другарка од судентскиот дом, да “држите” до тоа кои сте и да трагате по најдоброто во вас. Ова порака до гимназијалците од ОСУ „Св Климент Охридски“ ја испрати градоначалникот Никола Бакрачески на синоќешното доделување на дипломите од генерација 2014-2015.  

„Драги мои. Моментите кои сега вие ги живеете, одлуките кои вие сега ги донесувате, љубовта покрај која вие стоите и вашите желби за кои сонувате и ги реализирате се најсилните, најемотивните, најбурните, најенергините, најиноватнивните и најинспиративните отпечатоци кои ќе ги обележат вашите животи.
Образованието кое досега го стекнавте, навиките кои ги создадовте во овој период верувале или не го креираат вашиот карактер, карактерот на градот, на државата, карактерот на светот. Затоа Вашата ЛИЧНА одговорност е најголема зошто таа расте заедно со бројките кои ги дувате на вашата роденденска торта“ – истакна Бакрачески.

Матурантите ги поздрави и директорот на гимназијата Звонко Трпески. Тој истакна дека матурантите од генерацијата која ја испраќаат понатаму покажале одлучност и подготвеност да тргнат по патот на своите идеали.   

„Нашата гимназија не би била она што е, се рангира во првите места во гимназиите во РМ, ако не постои складна интеракција помеѓу учениците и професорите кои заеднички ја креираат интелектуалната мапа со една и единствена примарна цел, наученото да се применува во праксата а лекциите на часовите да не претставуваат сурова градба туку да се преточат во понатамошното животно искуство“ – нагласи Трпески.

Матурантите синоќа уште еднаш, сите заедно, облечени во свечени наметки во иста боја, но со различни погледи кон животот, се сретнаа во гимназијата на завршниот чин, доделувањето дипломите, со веќе оформен поглед кон иднината.

„За нас ова значи еден чекор понатаму, едно поглавје затворено од нашиот живот и веќе да се подготвиме за факултети. Ова е денот кога ги земаме дипломите тоа значи сме завршиле средно образование тоа не е некој голем успех во нашиот живот, сепак не очекува факултетот и понатамошните проблеми кои ни доаѓаат за да ги пребродиме во животот“

Завршната свеченост ја проследи бројна публика од родители, роднини и пријатели на гимназијалците. Сите  уште еднаш заедно ги слушнаа успесите и постигнувањата на разни натпревари на учениците од генерацијата 2014-2015, како и сите настани кои задено ги одбележаа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top