Имунизација со поливалентни вакцини и во Охрид

Новороденчињата и бебињата од два и пет месечна возраст со само едно боцкање ќе ги добиваат вакцините за дифтерија тетанус, голема кашлица, детска парализа, жолтица од тип Б, и хемофилус инфлуенца кој предизвикува мененгитис. Со воведување на поливалентните вакцини од 13, боцкањата за вакцина кај децата се намалува на седум пати во првата година од животот. Вакцините се од француско производство.

 |  Николоска Биљана  | 

И во Охрид започна имунизацијата со поливалентните вакцини. Станува збор за петтовалентни и шестовалентни вакциини кои штитат од пет, односно шест заразни заболувања,   дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, жолтица од тип Б, и хемофилус инфлуенца кој предизвикува мененгитис. Д-р Зора Димитриевска, од  одделението за имунизација вели дека поливалентните вакцини се наменети за сите бебињата со полни 2 месеци па се до 18. Таа појаснува дека внесувањето на овие вакцини од страна на ресорното министерство во редовниот календар на имунизацијаизација, има бенефит од повеќе аспекти.

„Бенефит ќе имаат децата, родителите и здравствениот систем и службите за имунизација. Бенефитот кај децата е во тоа што се намалува бројот на боцкања од 13 на 7 во текот на првите 18 месеци возраст, во голема мера се намалуваат и несаканите реакции бидејќи вакцините се ацелуларни“ – вели д-р Димитриевска.

Таа тврди дека со имунизација со поливалентните вакцини се намалуваат несаканите ефекти, во споредба со досегашните повеќе дозни клеточни вакцини. Додава дека не е исклучена можноста на местото каде се става вакцината да се јави оток и зацрвенување на местото, како и покачена телесна температура. Димитриевска нагласува дека поливалентните вакцини веќе се проверени во поразвиените земји, а на општо задоволство на сите добро прифатени кај нас.

„Резултатите засега се добри, така да Министерството за здравство и по барање на родителите овозможи да се набават вакцините за да се започне со имуинизација. Морам да кажам дека во нашиов град ние немаме проблеми како што е тоа во поголемите градови во врска со одбивање на имунизација кај децата. За оние деца кои претходно започнале со имунизација со претходните клеточни, Министерството за здравство набави вакцини за сите деца. Ако детето започнало по стариот начин на вакцинирање сега има можност да си продолжи со поливалентните вакцини во зависност дали ќе има потреба од петтовалентна или шестовалентна вакцина“ .

Др Димитриевска се заблагодари на охридските ротаријанци кои наменски донирале професионален фрижидер за потребите на службата. Во државава се набавени околу 50 илјади дози од поливалентните вакцини. Инаку поливалентните вакцини Министерствот за здравство ги набавило од француската фирма Луј Пастер.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top