Општина Охрид со реакција на обвинувањата на А.Д. „Галеб“

Општина Охрид  реагираше на обвинувања од страна на директорот на АД „Галеб“ – Охрид Димитар Василески, изнесени на прес конференција, а во врска со спроведената постапка за доделување линии за општински јавен превоз.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

Општина Охрид  реагираше на обвинувања од страна на директорот на АД „Галеб“ – Охрид Димитар Василески, изнесени на прес конференција, а во врска со спроведената постапка за доделување линии за општински јавен превоз. Во реакцијата стои:
Во врска со изнесените обвинувања од страна на директорот на АД „Галеб“  – Охрид, г-дин Димитар Василески сметаме дека е потребно да дадеме одредено појаснување.

Имено бидејќи во изјавата го цитира Законот за превоз во патниот сообраќај во измените на Законот за превоз „Сл. Весник бр: 44 од 19.03.2015 год.“ стои:

Член 2:

„За општински линиски превоз на патници, превозникот треба да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да има договор за лизинг за возила со најмалку 8+1 седиште“.

opstinskiСогласно Законот за превоз во патниот сообраќај Општина Охрид распиша Јавен повик за општински линиски превоз, а не меѓуопштински линиски превоз како што стои во обвинувањето на АД „Галеб“ Охрид.
 
Што се однесува на споменатиот Член 8 од Одлуката на општина Охрид за продолжување или скратување на линии стои:

„ За отворање на нови, продолжување, скратување и уклонување на постоечки линии одлучува Советот на општина Охрид по предлог на Одделението за сообраќај“

За продолжување или скратување на линија се смета продолжување или скратување на бројот на автобуски постојки по одредена линија.  Согласно Законот за превоз Член 19 „Општински линиски превоз на патници се врши врз основа на дозвола за определена линија што ја издава градоначалникот на општината.  Дозволата и возниот ред се издаваат со рок на важност од 5 години.“

Согласно Член 22 од истиот Закон, Советот на општината го утврдува критериумот за начинот и постапката за издавање и одземање на дозволата за вршење на општински линиски превоз и распределување на линиите на превозниците во општинскиот линиски превоз.

Врз основа на претходно изнесеното во Членот 24 од Одлуката на Советот на општина Охрид стои:

„Изборот на превозникот за добивање дозвола се врши по пат на Јавен повик. На Јавниот повик можат да учествуваат сите правни лица кои имаат претходно добиено лиценца за вршење на општински линиски превоз“.

Воедно  истакнуваме дека во отворањето на понудите од страна на превозниците кои учествуваа на Јавниот повик за општински линиски превоз на патници претставникот на АД „Галеб“ кој беше присутен немаше никакви забелешки за целиот тек на постапката. Целата постапка за избор на превозниците беше крајно транспарентна и се одвиваше со надвање на системот за Е – Аукција.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top