Начинот на живеење од денес до утре, полека но сигурно ја искоренува навиката за читање.
Охриѓани се по малку обрнуваат внимание на книга.
Главна причина за слабиот интерес кон читањето, според Тоде Илиески директор на градската библиотека „Григор Прличев“ е начинот на живеење од денес до утре , кој полека но сигурно ја искоренува навиката. Тој начин на живеење пред се кај младите, наметнува други вредности во кои книгата се помалку се вклопува.
Проблемот со делата кои се сместени во библиотеката и нивното користење, според Тоде Илески, е долгогодишен и опфаќа повеќе сегменти. Во моментов истакнува тој се соочуваме со низа проблеми, како што се: просторот за складирање на книги, електронскиот достап до истите, а еден од клучните проблеми е преводот на странската литература и промовирањто на истата.
Во останатите држави од Европа се обрнува посебно внимание на ваквата ситуација. Со постојано збогатување на фондот на библиотеките и промовирање на новите изданија се потенцира потребата од истите, истакнува директорот на библиотеката .
Во моментов Охридската библиотека располага со задолжителната литература за основнте и средните училишта. Моментално библиотеката има простор само за извршување на основните активности. Во иднина вработените се надеваат дека ќе се пронајде решение за ваквата состојба.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град