Словенија со три пати повисока просечна плата од Македонија
Просечните плати, во регионот на Балканот, се највисоки во Словенија, а најниски во Македонија и Србија, покажуваат најновите официјални статистички податоци.
Спрема статистичките податоци на канцеларијата во Словенија, просечна плата во таа земја во јули изнесувала 1.008 евра, што е значително повеќе во однос на другите земји од регионот, пренесуваат црногорските медиуми.
По Словенците, највисоки плати во регионот земаат Хрватите. Просечната нето плата за јули изнесувала 5.679 куни или 749 евра.
Словенија – 1.008 €
Хрватска – 749 €
Црна Гора – 481 €
Босна и Херцеговина – 424 €
Србија – 366 €
Македонија – 355 €
Следуваат Црногорците и жителите на Босна и Херцеговина.
Заводот за статистика на Црна Гора соопшти дека просечната плата во јули изнесувала 481 евро, што е во однос на минатата година раст од 0,2%.
Спрема податоците на агенцијата за статистика на БиХ, просечната исплатена плата по вработен во анализираниот месец била 830 конвертибилни марки или 424 евра.
Од земјите во регионот на дното се Србија и Македонија, односно во Србија 366 евра и Македонија со 355 евра.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град