Доколку саката да сте сигурни во вашата безбедност посетувајте ги само капалиштата на кои има спасители. Ако за вашиот живот не водат сметка несовесните концесионеи, заштитете се самите.
Вчерашниот случај кога кај Горица од водите на езерото беше извадено безживотното тело на 46 годишниот Гоце И. од кратовското село Живалево повторно ја актуелизира темата колку се безбедни плажите на охридско-струшкото крјбрежје. Од Црвен крст Охрид кажуваат дека од 44 капалишта на охридскиот дел на езерото, 36 се безбедни бидејќи ги исполнуваат сите пропишани услови од Министерството за транспорт и врски за безбедни капалкишта меѓу кои да имаат обезбедено и спасители, а осум не се безбедни.
Ние препорачуваме граѓаните да ги посетуваат само плажите кои се безбедни и на кои има спасители . Сами треба да се заштитат и да внимаваат на својот живот бидејќи дел од концесионерите се несовесни и ннемаат обезбедено спасители, вели Сашо Точков претседателот на ЦК Охрид.
Во месец јули спасувачките тимови на Црвениот крст на охридско – струшкото крајбрежје имале 14 интервенции за спасување давеници, 200 укажувања на прва помош и 10 пребарувања на исчезнати лица било во вода или на копно.И покрај очигледната потреба, осум плажи на охридската ривиера и девет на струшката се уште немаат ангажирано спасители на вода.
Иако апелиравме до концесионерите да ги обезбедат плажите немаат слух. Единствено акцијата на инспекциските служби вроди со некаков плод па едно капалиште пред една недела ангажира спасувачи, останатите осум сеуште се небезбедни, вели Точков.
Точков побара и поголемо разбирање од надлежните служби и Локалната во врска со барањето локација за поставување на Центрот за вода. Оваа постапка е започната уште пред десет години.
Ваква локација ни е неопходна а не при интервенции да трчаме од седиштето на ЦК. Губиме драгоцено време а и не можиме да делуваме професионално како што треба, потенцира Точков.
Точков се надева дека ова лето ќе има вкупно помалку интервенции од лани кога бројката од извлечени 34 давеници и 400 интервенции била рекордна.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град