Според синоптичарите вчерашниот ден беше најтоплиот оваа година со температури на места и над 42 степени Целзиусови.
Според синоптичарите вчерашниот ден беше најтоплиот оваа година со температури на места и над 42 степени Целзиусови.
И денес не очекува сончево и многу топло време, попладне со умерена облачност, во вечерните часови со локален дожд, грмежи и засилен ветер во југоисточните краишта. Максималната дневна температура ќе се движи впо интервал од 32 степени на повисоките места до 42 степени на југ од земјата.
Охридскиот регион денес е веќе во таканаречена портокалова, алертна фаза. Ќе преовладува суво, сончево и многу топло време. Максималната дневна температура ќе достигне до 36 степени, а индексот на УВ зрачење ќе биде исклучитечно висок и ќе изнесува 10.
Поради екстремно топлото време на работодавачите им се препорачува до 4 август да ги ослободат од работа бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години.
Се уште важат и препораките да се избегнува вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот, како и општите препораки за заштита на здравјето на луѓето кои предвидуваат избегнување на движење на отворено во најтоплиот период од денот, носење лесна облека, капа и заштитни очила, внесување повеќе течности, како и избегнување на масна хтрана и алкохолни пијалаци. Хроничните болни редовно да ја примаат својата терапија и да не се изложуваат на високите температури. Сончево и многу топло време ќе имаме до крајот на неделата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град