• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Пловидбени знаци и информативни табли се поставуваат на охридско-струшкото крајбрежје

Пловидбени знаци и информативни табли се поставуваат на охридско-струшкото крајбрежје

Пловидбени знаци,информативни табли како и  бови  за побезбеден воден сообраќај. Охридската капетанијата деновиве на охридско-струшкото крајбрежје ги поставува овие обележја.И охридските бродари задоволни од поставувањето на пловидбената сигнализација со која според нив многу ќе се подобри безбедноста и на капачите и на сопствениците на пловните објекти.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Од Радожда до Св. Наум на брегот на Охридското Езеро капетанијата на пристаништата поставува пловидбени знаци и информативни табли како и  бови кои ќе служат за сигнализација во вода. На брегот ќе бидат поставени 179 знаци а ќе бидат обновени и светилниците во Охрид и Св. Наум, каде ќе бидат поставени најсовремени светла по последната технологија. Нов светилник ќе биде поставен и во Струга. Поради тоа деновиве зачестени се ракциите од граѓани поради поставените знаци за забрането капење на пристаништата во Охрид, Св. Наум и на некои пристапни мостови. Од Капетанијата велат дека не се основани ваквите реакции бидејќи тоа е во согласност со правилата кои се применуваат насекаде во светот.

 
Ако некаде не треба да има капачи, тоа секако е околу пристаништата или пристапите каде испловуваат и впловиваат бродовите и чамците, а исклучиво заради нивна безбедност. Пристаништата се места каде се маневрира со бродови и чамци и може да дојде до повреди и несакани последици по самите капачи. Затоа апелираме тие знаци да се почитуваат и од тие што пловат и од капачите, истакна Горан Устијаноски-кaпетан на  капетанија на пристаништа на РМ.

Сигнализацијата на Охридското Езеро е поставена врз основа на студија која ја изработиле стручни служби. Од капетанија апелираат таа да се почитува за да имаме побезбеден воден сообраќај и да се заштитени и капачите и оние кои управуваат со пловните објекти. Во тек е и постапка за поставување на радари, за што се издвоени средства од буџетот, а останува само да се спроведе законската процедура за набавка на потребната апаратура. Со нив  ќе може да се снима целата површина на Охридското Езеро. И ќе служат пред се за потребите на Капетанијата бидејќи некогаш има потреба од лоцирање на изгубени лица и пловни објекти, детектирање на пловила на места на кои има забрана за пловидба.

И охридските бродари задоволни од поставувањето на пловидбената сигнализација на Охридското Езеро.

Ќе ги ограничи помалите пловни објекти каде да се движат, со што ќе им се олесни движењето на поголемите пловни објекти.-рече Зоран Гилески, сопственик на бродовите „Александрија“.

Гилески кажа дека бродовите во минатото многу често се среќавале со неодговорни капачи на пристаништата па дури и сред езеро каде бродовите пловат со голема брзина.

Инаку во Република Македонија во моментов се регистрирани 1530 пловни објекти, од кои 500 на Охридското Езеро но нивниот број постојанио се дополнува заради процесот на легализација кој е во тек, информираат од Капетанијата. Задоволни се од подобрувањето на дисциплината и сообраќајната култура а велат дека со поставување на бовите дополнително ќе се зголеми сигурноста како на учесниците во водниот сообраќај, така и на капачите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top