Владата на РМ бара пари за реконструција и санација на колекторскиот систем. Денес пред надлежните институции беше презентиран нацрт финалниот извештај за состојбата во која се наоѓа колекторскиот систем изработен од страна на јапонски експертски тимови. Тој покажа дека на колекторот под итно му се потребни поголеми зафатаи како би можел да ја извршува својата функција.
Колекторскиот систем кој е изграден пред неколку децении е деградиран, оштетен и итно е потребна негова надоградба, реконструкција и ревитализација, покажаа направените испитувања од страна на јапонски експерти. Нацрт финалниот извештај за состојбата во која се наоѓа колекторскиот систем, како и мерките кои се предлагаат за негова реконструкција денеска ставен на маса пред стручната јавност, надлежните институции и претставници од локалната самоуправа и јавните претпријатија Проаква и Нискоградба и министерството за екологија. На извештајот му претходеа повеќе месечни испитувања вршени од страна на јапонски тимови по што Владата на РМ од јапонската агенција за меѓународна соработка успеа да издејствува неповратни финансиски средства за изработка на студија за заштита на колекторскиот систем од страна на јапонски консултантски и експертски тимови информира градоначалникот Никола Бакрачески.
Во изминатите месеци експертите утврдија дека најголемиот проблем на колекторскиот систем е неидентификуваната инфилтрација на вода во ситемот кој што предизвикува негово накнадно оптеретување, што како последица има излевање на нетретирани води во Охридското езеро што е сериозен проблем, потенцира градоначалникот.
Бакрачески рече дека реконструкцијата на колекторскиот систем е приоритетен проект и за Владата на РМ и за Локалната бидејќи со неговото функционирање во голема мера се врши заштита на животаната средина и на Охридското езеро.
Многу е вереојатно дека во периодов што следува ќе бидат изнајдени стредства за реконструкција и санација на колекторскиот систем, рече Бакрачески.
Соработката со јапонската агенција за меѓународна соработка, Владата на РМ и Локалната самоуправа продолжува. Во најава е реализација и на други проекти од областа на екологијата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град