Увид на приговорите од државната матура

Денес во Државниот испитен центар ќе се реализира генерален Увид на сите пристигнати приговори од полагањето на државната матура.

 |  Голабовски Крсте  | 
matura

maturaДенес во Државниот испитен центар ќе се реализира генерален Увид на сите пристигнати приговори од полагањето на државната матура.

Прелиминарните резултати од екстерните испити од државната матура беа доставени до училиштата и објавени на 14-ти овој месец. Освен тоа, секој кандидат можеше за сопствените резултати да се информира и на веб страната за државната матура www.matura.gov.mk.

– Кандидатите кои сметаа дека тестовите не им се правилно вреднувани имаа право на приговор во рок од два дена. Вкупно беа доставени 505 приговори и истите беа разгледани и решени од страна на предметни комисии за приговори. Од нив беа прифатени 212, што е околу 0,4% од вкупно прегледани 49861 тест-книшки во овој испитен рок. Конечните резултати согласно пропишаната динамика на реализација на државната матура се доставени до училиштата на 22-ри јули. Кандидатите кои приговарале имаат право на увид во тестот, информираат од Државниот испитен центар.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top