Пожарот на Галичица изгаснат, но сеуште будно се следи состојбата на терен. Подетални информации за пожарот, но и за тоа каква е состојбата денеска на теренот од Националниот парк Гачличица не добивме. Не чуствуваа потреба да ја информираат јавноста преку нашиот медиум.
На Галичица денес не гори. Одвреме на време може да се забележи само чад од пожариштата, но екипи од Противпожарната единица од Охрид и од НП Галичица се на терен и ја следат состојбата. Причините за пожарот кој вчера попладне избувнана на две места во близина на далноводите кои го снабдуваат Охрид со електрична енергија, не се познати. Дали се работи за некаков дефект на електричната инсталација, човечки фактор или друга причина, треба да открие истрагата која трба да ја спроведе јавниот обвинител. За подетални информации за пожарот но и за тоа каква е состојбата денеска на теренот ги побаравме од Националниот парк Галичица.
Номче Новески, раководителот на секторот за заштита при националниот парк во телефонски разговор ни кажа дека од страна на директорот Зоран Велјаноски му било забрането да дава изјави во врска со пожарот. СЕ обидовме да стапиме во контакт и со директорот Велјаноски. Од службите во НП ни беше кажано дека бил на терен, а не смееле да го даваат неговиот телефонски број.
Јавноста не доби одговори колкава површина зафати пожарот, кои мерки се преземаат за превенција од повторно опожарување, дали за време на пожарот имало движење на посетители низ националниот парк, каков бил одговорот од страна на екипите од НП Галичица при синоќешната кризна состојба во паркот. Последново од причина што извори за твм кажаа дека екипите од НП пристигнале на местото на пожарот еден час по пожарната.
Во вчерашната акција околу гаснењето на пожарот бил вклучен и Центарот за управување со кризи. Тие само вршеле координација на акцијата. Митко Темелков, раководителот на охридскиот ЦУК ни кажа дека само доколку акцијата не можат да ја спроведат субјектите на чија територија се случил пожарот тогаш тие интервенираат и тоа само ако за тоа одлучи Владата на РМ. Таква беше ситуацијата во 2007год кога државава ја зафатија големите пожари. Тогаш три дена гореше Галичица па мораше да интервенира и ЦУК и Дирекцијата за заштита и спасување со специјалните авиони- канадери. Сега и да дојде недај боже до таков голем пожар не може да се интервенира од воздух бидејќи канадерите се на сервис во Шпанија. Од противпожарната единица од Охрид не информираа дека до четири часот утрово нивните екипи се справувале со огнената стихија најпрво со две пожарни а потоа биле вклучени уште две возила откако пожарот започнал да зазема пошироки размери потпомогнат од ветрот. 19 пожарникари седум часа се бореле со огнот кој брзо голтал сува вегетација, смрека и бор. Добиле голема помош од десетина млади волонтери од ЦК Охрид кои доброволно се приклучиле и несебично помагале во локализирањето како и граѓани доброволци кои ја покажале својата хумана страна.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град