Пожар на Петрино

Избувна пожар на планината Петрино, над трафостаницата 110, кај местото викано Мечкина дупка. Екипи на противпожарната единица од Охрид се на терен како и екипи од НП Галичица, од Црвен крст и граѓани. Пожарот засега е ставен под контрола. Причините за неговото настанување допрва ќе се утврдуваат.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Попладнево околу 1часот и 30 мин. избувна пожар  на планината Петрино, над трафостаницата 110, кај местото викано Мечкина дупка. Поради близината на 110-киловолтната трафостаница делови од Охрид краток период останаа без електрична енергија, а и во делови од населбата Рача немаше струја.pozar По дојавата за пожарот екипи на противпожарната единица од Охрид веднаш излегле  на терен со две возила, а потоа пристигнале уште две, информира командирот на противпожарната единица Охрид Спасе Прентоски. Подоцна се приклучиле и   екипите од НП Галичица, од Црвен крст, како и загрижени граѓани кои помагаат во гаснењето на огнената стихија.  Причините за неговото настанување допрва ќе се утврдуваат.{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top