Жолта (алертна) фаза во охридско-преспанскиот регион

Tериторијата на цела држава ќе биде зафатена со температури до 40 степени Целзиусови

 |  инфодеск  | 

 

Во сабота со топлотен бран од жолта (алертна) фаза ќе е зафатен охридско-преспанскиот регион, додека во следните неколку дена – од недела до вторник се очекува територијата на цела држава да биде зафатена со температури до 40 степени Целзиусови, кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза, информираат од Министерството за здравство.
Граѓаните од цела држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.
Во текот на ваквите екстремно топли денови се препорачува престој во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.
Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.
Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.
Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари. Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, потребно е почитување на следните препораки: задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката.
Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top