Николај Лугански за ново и неповторливо музичко доживување на Охридско лето

Лугански вели дека за него е чест што веќе четврти пат настапува на овој фестивал и е воодушевен од природната убавина на Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
Lugansky

Еден од најдобрите пијанисти на денешницата, рускиот виртуоз, Николај Лугански, вечерва на програмата на фестивалот Охридско лето. Прекрасната акустика на црквата „Св.Софија“ ќе даде свој печат на концерот на Лугански, кому ова му е четврт настап на Охридско лето. Лугански е воодушевен од природните убавини на Охрид, за кои посака вечно да останат непроменети. Вечерва за музичките сладокусци тој избрал дела од двајца музички великани.

nikolai lugansky„Денес ќе свирам музика од двајца автори Шуберт и Чајковски, Шуберт соната во ц-мол, две големи сонати, една од трите негови последни сонати напишани во последниот период во неговиот живот и можеби едно од најтрагичните дела на Шуберт. Во вториот дел ќе ја свирам големата соната на Чајковски кој како композитор има доста трагични дела, но еве оваа соната е пример дека има и светли моменти во неговото творештво и доста е светла и сончева и ја покажува позитивната страна на неговото творештво.“-вели рускиот пијанист, Николај Лугански.

Настапот на Лугански, според музичкиот селектор, Гордана Јосифова-Неделковска е само природна прогресија на првите три музички вечери каде покрај шпанскиот спектакл на отворањето, свој настап имаше и сонародникот на Лугански, Андреј Коробеиников.

lugansky ohridsko leto„Овој руски великан и пијанист, не само што ќе приреди незаборавен концерт, туку црквата Св.Софија и посетителите ќе станат побогати за уште едно големо уметничко доживување. Како организатори, домаќини сме горди што токму на 55то фестивалско издание ќе го имаме овој уметник, легендарниот Николај Лугански, или како што стручната критика се произнесува за него, тој е пијанист со исклучителна префинетост и чувствителност, уметник кој што со неговата кристална убавина го споредуваат со Моцарт и Шопен, а според неговата виртуозност наликува на Рахмањинов и Прокофјев.“-рече Јосифова-Неделковска.

Инаку Николај Лугански во текот на својата кариера настапувал во некои од најпрестижните сали во светот како игмор хол, Концертхаус, Театр де Шанз Елизе, Големата сала на Московскиот конзерваториум, големата сала на Филхармонијата на Санкт Петербурк. Неговиот вечерашен концерт започнува во 21 часот во црквата Св.Софија.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top