Од Секторот за ТЛЕР велат дека со таканеречените туристички редари тешко успеваат успешно да ги исконтролираат сите приватни станоиздавачи, поради нивниот поголем број.
Во екот на летната туристичка сезона, локалната со засилени и зачестени контроли врз работењето на приватните станоиздавачи. Според евиденцијата на секторот за туризам и локален економски развој, во Охрид има пријавено околу 2100 приватни станоиздавачи. Од секторот велат дека имаат реални проблеми успешно да ги исконтролираат сите приватни станоиздавачи поради нивниот голем број. Од секторот за ТЛЕР велат дека таканаречените туристички редари во летниот период имаат полни раце работа, но и скоро невозможна мисија, обезбедување на почитување на законските прописи од страна на сите приватни станоиздавачи.
„Таа контрола претставува пред се она што е работа на нашите инспектори по туризам, а тоа е придржување на правилата, односно, почитување на процедурата за категоризација, за она што треба да го содржат апартманите и собите кои се веќе пријавени кај нас. Се надеваме дека и станоиздавачите ќе се придржуваат кон тие правила, дека ќе имаме помал број на прекршувања, во моментов не можам да ви кажам конкретни бројки бидејќи постојано се вршат тие контроли, се изготвуваат месечни извештаи. Да се надеваме дека прекршувањата ќе бидат минимални.“-вели Томе Џамтоски, портпарол на општина Охрид.
Туристичките работници пак надежта за средување на состојбите и сликата која ја формираат дел од приватните станоиздавачи ја гледаат во државната туристичка инспекција која ќе се формира со одлука на владата а на иницијатива на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
„Ние често пати знаеме, еве и во медиумите тоа го има, Охрид е преполн, има 40 илјади гости, каде се, каде спијат, не знаеме и тоа треба да се реши. Има многу станови, легални, нелегални, не знам, си постојат тие инспекции, таа инспекција и тоа како треб а да биде тука, тоа ќе биде само за подобро за сите.“-рече Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.
Државната туристичка инспекција ќе дејствува како самостојна институција а ќе има ингеренции како Државниот пазарен инспекторат. Според најавите би требало да се формира за неколку месеци. Особено внимание ќе биде посветено на законската надлежнопст на инспекторатот кај физичките лица кои досега не биле соодветно третирани а за што имало најмногу поплаки. Дивите чекачи и нелегалните станоиздавачи кои издаваат некатегоризирани соби се проблеми со кои се соочува Охрид години наназад и кои даваат лоша слика за туризмот. Оваа појава иако со намален обем, сеуште ја има во нашиот град, но од секторот за ТЛЕР велат дека во координација со СВР Охрид и Државниот пазарен инспекторат и натаму продолжуваат со откривање и искоренување на овие негативни појави.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град