Договор меѓу претседателот на ССМ и претседателот на работодавачите
Фирмите ќе можат да исплаќаат К-15, но не мораат и тоа ќе зависи од договорот помеѓу вработените и сопствениците на фирмите.
Претставници на синдикатот велат дека ова решение е донесено без кворум, а се противеле повеќето членки на Синдикатот.
Овој договор паднал помеѓу претседателот на ССМ, Живко Митревски, и претседателот на организацијата на работодавачи, Ангел Димитров.
“Не смее да се дозволи и понатаму да се штеди на сметка на работниците и треба работодавачите ако имаат одреден проблем со финансиското работење да побараат од државата да нема инспекции по најмала можна основа кај оние фирми кои имаат сериозен проблем во работењето. Не сметаме дека исплатата на К-15 за работодавачите е некое големо оптоварување и го повикуваме претседателот на ССМ Живко Митревски да не става потпис со кој ќе го отстрани правото на работниците да примаат К-15, се зависи од него, а не од работодавачите, Митревски треба конечно да има разбирање и за животниот стандард на работниците а не постојано да има разбирање за рентабилноста на функционирање на работдавачите и за Владата.
Ако се спушти обврската за К-15 од општ колективен договор на посебен колективен договор на ниво на гранка тоа ќе значи дека работовачите ќе немаат обврска да исплаќаат. Во Македонија работниците се доведени до питачки стап и штом еден работодавач нема обврска да го исплаќа тој обично и не ја прави таа обврска бидејќи не очекува дека работниците ќе го притиснат тоа го направи, така што тоа практично ќе значи укинување на исплатата а не промена на одреден модатилет”, изјави Здравко Савески, од Левичарското движење “Солидарност”.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град