Хан бара итен компромис помеѓу партиите

Хан бара итен компромис помеѓу партиите

 |  инфодеск  | 

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, бара и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да отстапат од своите тврди позиции и во интерес на земјата, до 20 јули, за кога е закажан состанок на Советот за асоцијација во Брисел, да постигнат договор.
“Јас сум загрижен, го губите времето. Интересите на државата се над личните. Во демократија мора да имате компромис”, порачува еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во интервју за Радио Слободна Европа.
“Колку што знам има многу предлози на маса и многу мерки за доверба но јас ургирам да се договорат и да направат компромис. Во демократијата мора да имате компромис. И тоа значи дека двете страни се приближиле една кон друга. Многу е важно и двете страни да ја предвид и тешката политичка и економска ситуација во земјата, како и тоа дека евро-атлантската перспектива треба да ја одржат жива”, вели Хан во интервјуто.
“Јас разбирам дека разговорите се во тек и на двете страни е да дојдат до решение. Тоа зависи од нив. Она што е договорено и до што треба да се држат е да има избори до крај на април. Ние како ЕУ институција, како Eвропска Kомисија, во меѓувреме работевме на извештај и издадовме извештај за тоа што генерално треба да се направи за да се подготват фер и транспарентни избори. Почнавме да работиме врз тоа и другите партии треба да работат на тоа, да го усвојат, а за тоа како индивидуално ќе решаваат зависи од нив. Но, важно е да има договор”, вели Јоханес Хан.
Тој одбегна директно да одговори на прашањето дали Груевски треба да ја напушти премиерската функција и порачува дека ЕУ како институција со извештајот на Прибе веќе укажала што треба да се направи за да се создадат услови за фер и демократски избори до крајот на април, а сега се е во рацете на лидерите.
“Моето разбирање е дека треба да и помогнеме на оваа земја да развие оддржлива демократска култура и затоа е многу важно да се подготват фер и транспарентни избори и тогаш е на луѓето да решат за нивните лидери за тоа кој ќе ја води оваа земја. Кој треба да владее со неа и затоа верувам дека во рацете на луѓето е да решат за нивното лидерството”, вели Хан и додава дека е загрижен за ситуацијата бидејќи од 2 јуни е изгубено многу време, и покрај тоа што лидерите се обврзаа државните да ги стават над партиските и личните интереси.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top