На улицита „Ристо Чадо“ уште ќе се работи

Од Одделението за комунален развој и сообраќај при Општина Охрид, велат дека до крајот на овој месец оваа улица ќе биде целосно санирана.

 |  Голабовски Крсте  | 
ulica

Активностите за поставување на атмосферска канализација на улицата „Ристо Чадо“, ги вознемири тамошните жители. Тие реагираат незадоволни од динамиката со која се работи. Стравуваат за безбедноста на пешаците, а се жалат и на оштетувања на нивните автомобили. Поради овие обемни градежни активности имаше и измени на рутата на една од градските автобуски линии. Од Од одделението за комунален развој и сообраќај при Општина Охрид, смируваат. Велат дека до крајот на овој месец оваа улица ќе биде целосно санирана.
 
ulica„Добиваме определени поплаки од граѓаните заради текот на самите градежни активности меѓутоа апелиран на трпеливост. Градежните активности ќе продолжат и во следниов период, следниве денови и недели. Согласно акциониот план и планот за динамика и интензитет на градежните активности се очекува за 10-15 работни дена да се заврши овој прв процес на поставување на атомосферската канализација по што ќе следува определен период за тестирање на тој систем на пропустливост по што веднаш ќе се пристапи на средување на коловозната лента“, вели Љупчо Танески од Одделението за комунален развој и сообраќај – Општина Охрид.

Во моментов на улицата „Ристо чадо“ се врши комплетна реконструкција на атмосферската канализација и системот за одводнување на атмосферски води. По завршување на овој процес, ќе се пристапи кон уредување на тротоарите на двете страни и асфалтирање на коловозната лента, односно на трупот на патот. Ова е еден од проектите на Општина Охрид кои се реализираат со средства од заемот на Светската банка,  а вкупната вредност на проектот е 15 445 632 денари. Танески информира не се работи само на овој потег. Деновиве во тек се и градежните активности и на улицата „Питу Гули“.
 
ulica„Се постави атмосферската канализација а во моментов се работи на поставување на сливниците за одведување на атмосферските води и паралелно се работи и на уредување и на тротоарите“ објаснува Танески.

Деновиве треба да бидат завршени и градежните активности на еден од петте кружни текови планирани за изградба на територијата на Општина Охрид, поточно кружниот тек на пресекот на улиците „Бистрица“ со бул.„Туристичка“ се доуредуваат тротоарите, пешачките зони, се поставува и сообраќајна и вертикална сигнализација, објаснуваат од Одделението за комунален развој и сообраќај – Општина Охрид.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top