Во 1000 примероци, 500 на македонски и 500 на албански јазик излезе од печат Стратегијата на општина Струга. Се очекува Советот на општина Струга за истата да ги донесе и акциските планови кои произлегоа од неа.
Готова е Стратегијата на општина Струга. Таа доаѓа како резултат на Програмата „Општина по мерка на граѓаните“, програма која се реализра во соработка со општината и Фондација Отворено Општество. Стратегијата е усвоена од Советот на општина Струга со партиципативно учество на граѓаните, институции и секторите на општина Струга.
„Навистина беше добро што сите придонесоа за стратегиите да бидат успешни. За граѓаните што не знаат стратегиите се однесуваат на 4 области, развој на образованието, млади, социјална заштите, соработка ос граѓанскито сектор. Од истите произлегоа и акциските планови, кои се очекуваат да бидат усвоени од страна на општина Струга кои исто така беа со партиципативно учество од сите институции, локални граѓани од сектори од училиштата“ – вели Зиба.
Најобемна е стратегијата за развој на образованието, образложува Зиба. Во неа постојат мерки кои се однесуваат за актуелните проблеми во образованието, додава таа. А интересна е и стратегијата од областа на социјалната заштита
„Има мерки за унапредување и усовршување на образовниот кадар во општина Струга и во училииштата има мерки за енергетската ефикасност има мерки што се однесува на процена на тран спортот на учениците бидејќи тука има големи проблеми социјалната стратегија повеќе се однесува на ранливите групи, идентификација на истите и изработка на социјална карта која се однесува на ранливата група на граѓани. Се очекува да се направи проценка на сите лица со попреченост истите да се вклучат во општеството да имаат активности и да има паралелки за нив“ – објаснува Зиба.
Зиба смета дека доколку се усвојат акциските планови за сите 4 стратегии ќе има придонес за развојот на образованието, социјалата и младите во општина Струга. Инаку, стратегиите се испечатени на два јазици, македонски и албански по 500 примероци а истите можат да се најдат во општина Струга и во Центарот на заедницата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град