Св. Наум заедно со Св. Климент Охридски се ученици на славните светители Кирил и Методи.
Св. Наум заедно со Св. Климент Охридски се ученици на славните светители Кирил и Методи.
По завршувањето на Моравската мисија Св. Наум заедно со Св. Климент својата благородна мисија на ширење на словенската писменост и култура ја продолжиле во областа Кутмичевица на брегот на Охридското Езеро. Тие се основоположници на охридската книжевна школа.
Св. Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охридското Езеро кој сам го изградил.Таму тој ја развивал својата просветителска дејност. Освен по книжевната работа мегу народот бил познат и како исцелител и за време на својот живот излечил многу луге претежно душевно болни. Познат е и како чудотворец бидејки направил и многу чуда, а некои од нив се претставени и на фреските од неговиот манастир како таа на која Св. Наум ги впрегнал заедно волот и мечката да ораат.
Свети Наум се упокоил во 910 година. Неговиот гроб се наоѓа во внатрешноста на манастирот. Се верува дека поклонувањето на неговиот гроб носи здравје, душевен мир и спокој.
Според обичаите, голем број православни верници од Охрид, околните градови, соседните држави, како и Македонци од дијаспората, уште од синоќа се упатија кон манастирот „Свети Наум Охридски – чудотворец“ за да го одбележат празникот посветен на големиот православен светец.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град