Одење по жица, огнено шоу, кловнови, магионичари на вториот „Баскер фест“ во Охрид

Уличниот фестивал “Баскер фест” по втор пат во Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
basker fest

Охрид втора година со ред домаќин на фестивалот на улични перформанси „Баскер фест“. На десетгодишнината од овој исклучително популарен уличен фестивал, охриѓани ќе можат да уживаат и да се воодушевуваат во голем број несекојдневни улични перформанси.

bubble show basker fest„И оваа година како лани ќе претставува еден комплементарен дел на манифестацијата „Бело лето“, и се надеваме дека само со тоа ќе го дополниме целокупниот впечаток што се однесува до симболичниот почеток на летната туристичка сезона. Претпоставувам и сум убеден дека со овие активности кои што испланиравме да се одржат престојниот викенд ќе бидат доволна причина како за охриѓани така и за сите посетители да дојдат во Охрид и да уживаат во големиот дел перформанси на артистите како и сите останати кои се предвидени во склоп на манифестацијата „Бело лето„ како и на „Баскер фест“.-вели Ѓоко Апостолов од Секторот за ТЛЕР.

basker fest odenje po zicaОрганизаторот на „Баскер фест“-Македонија, Горан Трајчевски, вели иако ова е само втора година како доаѓаат во Охрид, дека сепак се наоѓаат на почеток на една убава традиција.

“Ќе имаме повеќе од 40 изведувачки, магионичари, кловнови, фајр шоу, ќе имаме специјален гостин кој ќе оди по жица, ќе биде на втори, трети и четврти јули.“-рече Трајчевски.

Охриѓани годинава ќе можат да уживаат и во неверојатните огнени егзибиции на момците од Србија.

fireshow basker fest„Ова ми е четврта година на „Баскер фест“, ама прва во Охрид, секоја година учествуваме со фајр шоу, мојата екипа и јас, така и оваа година. Не знам дали минатата година во Охрид имало фајр шоу, ама за оваа година можам да гарантирам дека ќе биде навистина добро, ако не и одлично, вие самите тоа ќе го пресудите, како што кажа и Горан, ќе учествуваме на 2ри, 3ти и 4ти, се надевам дека ќе дојдете на шоуто и дека ќе уживате, ќе има загарантирана забава.“-изјави артистот од Србија.

Инаку во рамките на Баскер фест, охриѓани ќе можат да се забавуваат и со звуците на Брас брадрс од Битола, охриѓаните Бекдор бенд и Барбароса од Романија кои ќе свират низ охридската чаршија.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top